Отворен ден со граѓаните

Се известуваат граѓаните на oпштина Крива Паланка дека, почнувајќи од 31.10.2019 година (четврток), секој четврток во термин од 11:00 до 13:00 часот ќе се реализира „Отворен ден со граѓаните“.

Отворениот ден со граѓаните ќе се одржува во Големата сала на Општина Крива Паланка, а на истиот ќе присуствуваат раководителите на соодветните служби во Општина Крива Паланка.

Преку Отворениот ден со граѓаните, граѓаните на општина Крива Паланка ќе имаат можност преку непосреден контакт со соодветните служби да поставуваат прашања од сферата на нивниот интерес, да пријавуваат проблеми од најразлични области, како и заеднички со службите, проактивно да учествуваат во изнаоѓањето на решенија на определени проблеми од различни сфери на надлежности на Општината.

 

                                                                                  ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                  Градоначалник
                                                                                              Борјанчо Мицевски

Големина на фонт
Контраст