Дневен ред на 36-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува  36-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 09.12.2011 година (петок) во 14 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

            Д н е в е н   р е д:

– Усвојување на Записници од 32 и 34 седница на Совет.

1. Предлог – Одлука за пренесување на право на управување на цевководот за водоснабдување од Станечка река до пречистителна станица;

2. Предлог – Одлука за давање согласност за започнување на постапка за јавно приватно партнерство на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;

3. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Комуналец“-Крива Паланка кај деловните банки;

4.. Предлог – Одлука за проширување на средствата за во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

5. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

6. Предлог –  Програма за одржување на јавна чистота во град Крива Паланка за 2012 година;

7. Предлог – Програма за четвртиот меѓународен театарски фестивал „Св,. Јоаким Осоговски“ 2012 година;

8. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на спорт и млади за 2012 година;

9. Предлог – Програма за акативностите на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2012 година;

10. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата за 2012 година;

11. Предлог – Програма за развој на информатичко-комуникациската технологија на Општина Крива Паланка за 2012 година;

12. Предлог – Одлука за распределба на средства од блок дотација за 2012 година;

13.Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во Општина Крива Паланка за 2012 година;

14. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште за 2012 година;

15. Предлог – Програма за изградба и одржување на локална патна мрежа за 2012 година;

16. Предлог – Програма за изградба и одржување на водоводна мрежа во 2012 година;

17. Предлог – Програма за изградба, реконструкција  и одржување на јавно осветлување за 2012 година;

18. Предлог – План на програми за развој на Опшатината Крива Паланка за 2012-2014 година;

19. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на локалниот економски развој за 2012 година;

 

Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Милка Митовска

Големина на фонт
Контраст