Во тек е изработката на буџетот на општината за 2012 година

Врз основа на добиените насоки од Министерството за финансии за изготвување на буџетот за 2012 година, одделението за финансирање, буџет и администрирање со даноци при Општина Крива Паланка, како изготвувач на буџетот на Општината за 2012 година, ги превзема потребните активности.

Во таа насока се  доставени барања за потребните материјални средства на буџетските корисници, како на образовните установи така и на одделенијата во Општината, кои се јавуваат како корисници на истиот. Исто така се доставени и писмени барања до координаторите на политичките партии да дадат свои идеии, сугестии и препораки кои ќе бидат добар придонес за изготвување на буџетот на општината за 2012 година.  

Големина на фонт
Контраст