Крива Паланка повторно се вклучува во европската недела на спортот

Општина Крива Паланка е една од 50 општини која се приклучува на проектот „Европска недела на спортот“ и дава подршка на истиот со два настана и тоа гимнастички вежби со првачињата од ООУ „Јоаким Крчовски“ и пријателски натпревар  во фудбал (машки) и кошарка (женски) помеѓу ученици од ООУ „Илинден“ и ООУ„ЈоакимКрчовски“.
Местото на настаните  ќе бидат училишниот двор на ООУ „Јоаким Крчовски“ на 26.09.2019 година со почеток во 12.00 часот (активност со првачињата) и  училишната спортска сала при ООУ „Илинден“ Крива Паланка на 30.09.2019 година со почеток во 12.00 часот (пријателски натпревар).

Агенцијата за млади и спорт е носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која се одржува на територија на цела Европа од 23-30.09.2019 година, па и кај нас,  насловена со предизвикот BeActive. 

Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија.

Покрај многубројните активности во текот на целата недела, акцент ќе се стави на главните настани – возење со велосипед, тротинет или ролерки за учество во штафетна трка (23.09-Кеј Скопје 18-00 часот), турнир 3×3 кошарка (24.09 – 17 часот, Плоштад Македонија), рекреативно искачување на Водно ( 27.09, 17-22 часот) а на 28.09. над 20 кросфит активности во СЦ Борис Трајковски -Скопје

Воведувањето на овој проект во Република Северна Македонија на локално ниво ќе ни овозможи квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата. Главна цел е да ги поттикнеме што е можно повеќе најмладите да спортуваат, зошто само така ќе успееме да имаме здрава нација со здрави навики за спорт.

Ги покануваме сите љубители на спортот и физичката активност да бидат дел од овој настан со што ќе покажат дека се  грижат за себе и своите најблиски, а пред се за  своето здравје.

 

Големина на фонт
Контраст