КОНКУРС за доделување на наградите „8-ми Октомври“, „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2019 година

Врз основа на член 7 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на општински признанија и награди,  Одборот за доделување награди и признанија на Општината Крива Паланка, на 3-та седница  одржана на 03.09.2019  година  одлучи  да  распише 

К О Н К У Р С
за доделување на наградите „8-ми Октомври“,  „Почесен граѓанин  на Крива Паланка“ и  „Признание  за особени постигнувања  и придонес  за развојот  и афирмацијата  на Општина Крива Паланка“  за  2019 година

1.Наградата „8-ми Октомври“ на Општината Крива Паланка се доделува на  физички и правни лица од Општината Крива Паланка и од Република Северна Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во РС Македонија и во светот.

Наградата  8-ми Октомври покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и    студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.

Наградата се доделува за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање.

Наградата се доделува на поединци, група творци, правни лица, ученици и студенти.

2. Наградата „Почесен граѓанин  на Крива Паланка“  се доделува на поединец –физичко лице  државјанин на Република Северна Македонија  или странец  за исклучителни  заслуги  и афирмација  на Крива Паланка  во Европа и Светот.

3. Општина  Крива Паланка  доделува и  признанија за особени постигнувања  и придонес  за развојот  и афирмацијата  на Општина Крива Паланка.

Признанијата  се доделуват  на поединци и правни лица  од Општина Крива Паланка,  од Републиката  и од странство  како и на странски и меѓународни организации за  значајно  осварување и постигнување  во вкупниот  општествен развој од сите области на животот и трудот  за  унапредување  и афирмација  на Локалната самоуправа во Општина Крива Паланка .

4. Право да предлагаат кандидати за Наградите имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општината Крива Паланка.

5. Предлозите  мора да биде образложен, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија. Предлагачите треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.

6. Конкурсот трае 8 осум дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до Одборот за доделување награди и признанија на општината Крива Паланка.

7. Предлозите во 3 (три) примероци се доставуваат исклучиво до архивата на Општина Крива Паланка, адреса  ул.Св. Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка до 18.09.2019 година до 16 часот.

8. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

 

Одбор за доделување награди и признанија
на Општината Крива Паланка

 

                                                                                                    

Големина на фонт
Контраст