Покана за четврта форумска сесија

Форумот во заедницата во општина Крива Паланка има чест и задоволство да Ве покани на четвртата форумската сесија,  која што ќе се одржи на 24.11.2011г. (четврток), во 13 часот, во хотел „Турист“  Крива Паланка.

Општина Крива Паланка, во периодот од месец септември до месец декември,  го реализира проектот „Форуми во заедницата“, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и со сопствено учество на локалната самоуправа, а имплементирачка организација е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Форумскиот процес е отворен за сите граѓани, кои сами ќе одлучуваат за изборот на темата, проектните  идеи и предлог проектите, кои ќе се реализираат со овој проект, а воедно, ќе бидат земени во предвид и во понатамошните општински активности.

На четвртата форумска сесија, согласно одбраната тема  на првата  форумска сесија „Локален економски развој/инфраструктурно уредување на градот и населените места во општината во функција на економскиот развој“,  ќе бидат презентирани предлог-проектите за: Реконструкција на улицата “Свети Јоаким Осоговски”;Изградба на пешачка патека од ООУ “Јоаким Крчовски” до Зелен пазар; Реконструкција ан рекреативна патека Станечки водопади со партерно уредување; Реконструкција на пешачки мост во нас. Бегови Бавчи и Уредување на каскадите на Крива и Дурачка Река. Работните групи, ќе ги претстават целите, резултатите, активностите и буџетот за решенијата за одбраните приоритетни проблеми, идентификувани од страна на граѓаните-учесници на Форумот.

Преку проектот ,,Форуми во заедницата“, жителите на општина Крива Паланка одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница. Проектите ќе се финансираат од буџет од  2.800.000,00 МКД од кои 1.400.000,00 МКД се обезбедени од општината, а 1.400.000,00 МКД од Швајцарската агенција за развој.

Форумот на заедницата претставува алатка –  форма на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето одлуки кои се важни за нивниот  живот и за самата заедница. Преку Форумот, граѓаните заедно со локалните власти ја донесуваат одлуката. 

 

Bottom of Form

Дневен ред на четвртата форумска сесија


     Општина Крива Паланка
      Градоначалник,
      Арсенчо Алексовски

 

 

Големина на фонт
Контраст