Велигденска честитка од градоначалникот Мицевски

Почитувани сограѓани,  драги пријатели од христијанска вероисповед,

Денес го чествуваме еден од најголемите христијански празници, Велигден. Тоа е момент кога треба да се потсетиме на маките и страдањата, но и на солидарноста, сочувството и помирувањето, да се насочиме кон вистинскиот патоказ на христијанската вера и постоење.

По тој повод дозволете ми од мое лично име и од име на општинската администрација на Крива Паланка, на сите граѓани – православни верници, да Ви го честитам величественото Христово Воскресение и да Ви посакам мир и спокој во вашите семејства, благодет, напредок и просперитет во работата и успех во реализирањето на вашите животни планови.

Празнувањето на Воскресението Христово – Велигден нека биде поттик за верба во вистината и правдата, во трпението и милосрдието, во добрите дела и чиста совест во моментите на искушение.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Големина на фонт
Контраст