Избор за најуспешен просветен работник во општина Крива Паланка за учебната 2017/2018 година

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно објавениот Конкурс за доделување на признание за најуспешен просветен работник на територијата на општина Крива Паланка на веб сајтот https://www.krivapalanka.gov.mk/najdobar-prosveten-rabotnik-za-uchebnata-2017-2018-godina во периодот од 07.05.2018 до 14.05.2018 година може да гласате за избор на најуспешен просветен работник за еден од наведените кандидати.

Кандидатот со најмногу гласови ќе добие и најмногу поени (10 поени), а конечниот избор ќе биде по бодирање на целокупно поднесената документација која ќе биде разгледана од страна на Комисија при општина Крива Паланка.

Најуспешниот просветен работник со најмногу поени ќе добие Признание на Свечена академија по повод 24-ти Мај, Ден на сесловенските просветители браќата Св.Кирил и Методиј.

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст