Известување за лицата кои аплицирале на јавниот оглас на Државната пописна комисија

ТЕСТИРАЊЕ НА ЛИЦАТА КОИ АПЛИЦИРАЛЕ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИ НА ПОПИСЕН РЕОН, РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ И РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ

Почитувани,

Од страна на Државната пописна комисија сме известени дека тестирањето на кандидатите ќе се врши на 5 Март (сабота) 2011 година во 12.00 часот во СОУ Ѓорче Петров ул.8-ми Октомври бр.91  Крива Паланка.

Тестирањето ќе го спроведат лица кои се именувани од вработените во државната и општинската администрација како и од јавната администарција, за членови на комисија на пописен реон и реонски инструктори во соработка со директорот на училиштето.

Се повикуваат сите лица кои аплицирале на Јавниот конкурс да дојдат во определеното училиште за теститање најдоцна до 11.20 часот и да се пријават кај лицата кои се определени од Државната пописна комисија.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст