Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација по трет пат на Нацрт-Детален урбанистички план за блок 7-А во општината Крива Паланка

Врз основа на член 24 став 10 и став 11 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/2005; 137/2007; 91/2009; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14), а во врска со член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14; 44/15; 193/15; 31/16 и 163/16), градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна анкета и јавна презентација по трет пат на Нацрт-Детален урбанистички план за блок 7-А во општината Крива Паланка

Јавната анкета по трет пат по горенаведениот план ќе се одржи од 13.12.2017 година до 26.12.12.2017 година секој работен ден од 08,оо-16,оо часот во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка. Нацрт-Деталниот урбанистички план за блок 7-А во општината Крива Паланка ќе биде изложен и на информативните табли на општината Крива Паланка.

Јавната презентација по трет пат за ДУП за блок 7-А во Крива Паланка ќе се одржи на ден 20.12.2017 година (среда) со почеток во 10,оо часот во просториите на ЛУ Градски Музеј на општината Крива Паланка.

Опфатот за кој се однесува горенаведениот план е следниот:

Започнува од вливот на долот „Нимулија“ во Крива Река и оди кон југозапад по течението на Крива Река до вливот на долот „Единство“ во Крива Река, свртува кон југ и оди узводно по долот и доаѓа до мостот на долот и ул.„Св. Јоаким Осоговски“, поминува преку улицата и продолжува кон југоисток по границата помеѓу к.п.бр.3129/1 и к.п.бр.3127 во КО Крива Паланка и доаѓа до границата со к.п.бр.2961/1 во К.О. Крива Паланка, продолжува по границата и доаѓа до ул.„Св. Јоаким Осоговски“, продолжува по улицата кон североисток и доаѓа до новиот крак на ул.„Св. Јоаким Осоговски“, продолжува по истиот и доаѓа до долот „Нимулија“ каде што свртува кон северозапад и доаѓа до вливот на долот во Крива Река, односно до почетната точка.

Вкупната површина на опфатот е 6.45 ха.

Анкетните листови за учество во повторната јавна анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

 

                                                                                                          ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                         
           Градоначалник
                                                                                                 
              Борјанчо Мицевски

Големина на фонт
Контраст