Законот за минимална плата мора да се почитува без исклучок

Во текот на вчерашниот ден на моја иницијатива остварив средба со претставници на Државниот инспекторат за труд. При тоа лично се информирав за примената на законот за минимална плата, но и другите прописи за работни односи, вработување и заштита при работа и колективните договори, договорите за работа и другите акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавците во областа на работните односи, вработувањето и заштитата при работа.

При тоа побарав информација за превземените мерки и активности на инспекторатот кон дел од фирмите од конфекционерската индустрија во Крива Паланка кои претходниот месец на вработените им исплатија само по 6.000 денари плата. Во оваа прилика инсистирав сите надлежни институции да застанат во одбрана на работничките права и доследно почитување на законските одредби за исплата на минимална плата од 12.000 денари нa месечно ниво.


Општина Крива Паланка

Градоначалник,
Борјанчо Мицевски

Големина на фонт
Контраст