Оглас за ангажирање на две лица

О  Г  Л  А  С

за ангажирање на 2 (две) лица за потребите на проектот „Меѓуопштинска соработка за унапредување на животната средина“, проект од областа на заштитата на животната средина

Општина Крива Паланка, за активности во проектот  „Меѓуопштинска соработка за унапредување на животната средина“, проект од областа на заштитата на животната средина помеѓу општините Крива Паланка и Ранковце, има потреба од ангажирање на 2 (две) лица, чии обврски ќе бидат  вршење на евиденција на правни субјекти кои што согласно законската регулатива имаат обврска да поседуваат Б-интегрирани еколошки дозволи и одобрени Елаборати за оценка на влијанието врз животната средина  на територијата на општинитa Крива Паланка, а за чие издавање и одобрување се надлежни општините. Евиденцијата ќе се врши на терен на територијата на општината Крива Паланка. Лицата ќе бидат ангажирани во период од 60 денови.

 Услови што треба да ги исполнува кандидатот:

– да имаат завршено високо образование,

– искуството во слични вакви активности не е неопходно, но ќе се смета за предност.

Заинтересираните кандидати, до Градоначалникот на општина Крива Паланка, треба да достават кратка биографија и диплома за завршено образование, со назнака:  за Оглас за проектот „Меѓуопштинска соработка за унапредување на животната средина“.

Огласот е отворен до 23.12.2010 год (четврток), до 16,00 часот.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Дипл.прав.Арсенчо Алексовски

 

 

 

                                                                                              

Големина на фонт
Контраст