Јавен повик на фондацијата ЕРСТЕ

Фондацијата ЕРСТЕ на 1-ви септември 2010 година  го објави третиот јавен повик за прибирање апликации за наградата Социјална интеграција 2011 на фондацијата ЕРСТЕ.

Повикот е отворен до 30 ноември 2010 година и на него можат да се пријават непрофитни организации, како и јавната администрација, граѓанското општество, приватните иницијативи, религиозните заедници и претставниците на медиумите што ја поддржуваат социјалната интеграција и активно учествуваат во проекти кои имаат за цел подигнување на свеста и интегрирање на социјалните и етничките малцинства, обесправените групи и лицата со посебни потреби.

Повеќе за јавниот повик можете да прочитате на следниот линк.

610.000 Евра и над  1.600 километри на велосипед – сè за социјална интеграција!

За сите дополнителни информации можете да се обратите во Општина Крива Паланка.

Лице за контакт: Елена Станковска, 031/372-130.

 

 

Големина на фонт
Контраст