Амбасадата на Р.Србија упати благодарност до Градоначалникот Арсенчо Алексовски

Амбасадорот на Р.Србија во Р.Македонија, Н.Е. Томислав Ѓурин упати писмо до Градоначалникот Арсенчо Алексовски во знак на благодарност за топлиот прием при отварањето на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Во прилог можете да го превземете целосно писмото упатено до Градоначалникот.

На  15 септември, во Н.У.Центар за култура, свечено беше отворено второто издание на Меѓународниот театарски фестивал  Свети Јоаким Осоговски, кој се организира под покровителство на Општина Крива Паланка и со финансиска подршка на Министерството за култура.

Покрај бројните гости, беа присутни и Амбасадорот на Р.Србија во Македонија Н.Е. Томислав Ѓурин како и заменик Амбасадорот, Душанка Дивјак Томиќ.

 

Беше огромен  предизвик да го поставиме темелот на сопствен театарски фестивал и да ја направиме оваа, можеби скромна сцена, средиште на изразување на различните театарски форми. Полека го пробиваме патот на сопственото театарско вообличување и се надеваме дека со растежот на фестивалот, во годините што доаѓаат, тој ќе се етаблира во препознатливо и престижно културно збиднување, со знаменити обележја на самиот простор на кој се случува. Очекуваме во иднина на кривопаланечката сцена да продефилираат професионални и реномирани театри, врвни актери и претстави, кои ќе побудат интерес кај гледачите и ќе го оплеменат нивниот дух, истакна градоначалникот Алексовски на отварањето на фестивалот.  (Говор на градоначалникот, Арсенчо Алексовски на отварањето на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“)

Големина на фонт
Контраст