Пофалба за наградените ученици од ООУ „Илинден“

Градоначалникот, Арсенчо Алексовски упати честитки  до ООУ Илинден за резултатите постигнати на републичкиот ликовен конкурс на тема Сообраќај.

Почитувани,

Ми претставува задоволство што можам како градоначалник на Општина Крива Паланка да ви го честитам освојувањето на првото и второто место на републичкиот ликовен конкурс на тема Сообраќај.

Со ова писмо сакам да честитам на училиштето за успехот на своите ученици, и воедно да им честитам и посебно да ги ПОФАЛАМ прво наградените ученици од ООУ Илинден како и нивните ментори.

 ·       Павела Стојковска под менторство на наставникот Лазо Крстевски за освоено прво место и

·         Андријана Алексовска под менторство на наставничката Маја Стоилковска за освоено второ место,

на Републичкиот ликовен конкурс на тема СООБРАЌАЈ , по повод европското првенство за сообраќај кое се одржува во Скопје, FIA EUROPEAN TRAFFIC EDUCATION 24-27 SEPTEMBER 2010 – SKOPJE, MACEDONIA спроведено од страна на Сојузот за грижи и воспитување на деца на Македонија во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 Сакам да кажам дека секој натпревар заслужува внимание сам по себе, но oние кои ќе ги освојат првите три места се паметат.Со Вашиот труд сте успеале да бидете запаметени на овој натпревар и тоа е успех кој треба да се почитува.

Воедно сакам да нагласам и тоа дека нашата општина од секогаш имала лица кои се истакнувале и биле водечки лица во разни сегменти на животот како во Македонија така и надвор од неа. Ние како општина со право можеме да кажеме дека сме горди на нив.

Нека овие успешни луѓе Ви бидат пример на Вас и на другите ученици во формирањето на Вашата личност.

Ви честитаме за досегашните успеси  и Ви посакуваме многу среќа, здравје и многу освоени награди во Вашата кариера.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Дипл.прав.Арсенчо Алексовски

 

 

                                     

                                                                                 

 

                

 

Големина на фонт
Контраст