Настап на ќустендилскиот театар со претставата „Женско царство“

На втората вечер, 16 септември, во рамките на Меѓународниот театарски фестивалСвети Јоаким Осоговски“, настапија гостите од Општинскиот драмски театар од Ќустендил, Бугарија. Тие ја изведоа претставатаЖенско царство“, во режија на Димитар Стојанов.

Претставата е комедија, а тематски на многу интересен начин ја обработува замената на типичните улоги помеѓу мажите и жените. Пораката е дека сепак различните полови не се снаоѓаат во новонаметнатата улога  и дека и покрај сите стереотипи, сепак најудобно се чувствуваат во  предодредениот сопствен пол.

Комедијата наиде на вонреден прием кај публиката, која им ракоплескаше на актерите за време на нивната драмска презентација.

 

Градоначалникот на Општината, Арсенчо Алексовски, им врачи плакета за учество на фестивалот на претставниците од Општинскиот драмски театар од Ќустендил, а дамитеактерки беа наградени со цвеќе.

   
     
   

 

Големина на фонт
Контраст