Се уредува улицата Моша Пијаде

Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура при Општина Крива Паланка, интензивно работи на остварување на активностите предвидени со годишната програма.  

Во тек е поплочување на предвидени 200 метри од улицата Моша Пијаде како и пробивање и припрема на  теренот за поплочување на дополнителни 90 метри. Овој дел од патот беше тешко прооден и непристапен за моторни возила.

 

Со проширувањето и поплочувањето на овој дел ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите со пристап на возила до нивните куќи.

Напоредно со поплочувањето предвидено е и решавање на проблемот со уличното осветлување.

Големина на фонт
Контраст