Општински крос 2016

Во организација на Училишниот спорт од Крива Паланка, а под покровителство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, на 03.05.2016 година со почеток во 10.00 часот, на Градскиот стадион ќе се одржи Општинскиот крос натпревар 2016.

На оваа традиционална манифестација ќе учествуваат ученици од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и средното училиште „Ѓорче Петров“  во Крива Паланка.

Должините на патеките за трчање се различни, според возраста на учениците и ќе бидат поделени во шест категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).

Трето и четврто одделение ќе трчат на 200 метри, учениците од петто и шесто одделение на 300 метри, седмо и осмо на 400 метри, деветто одделение на 600 метри, а средношколците во две категории ќе трчаат на 800 метри.

Првопласираните три места  во поединечна конкуренција  ќе бидат наградени со дипломи и медалји (златна-сребрена-бронзена).

 

Големина на фонт
Контраст