Во Крива Паланка прославен големиот христијански празник Богојавление – Водици

Кривопаланчанецот Никола Јовановски е среќникот  кој годинава го извади крстот од водите на Крива Река. Никола втора година по ред го фаќа крстот.

Годинава со оглед на тоа што живата во термометарот беше околу 10 степени под нулата, по  крстот  скокаа околу петнаесетина лица, од кои  најсреќен беше Никола Јовановски, кој доби и награда од општина Крива Паланка, телевизор кој му го врачи градоначалникот Арсенчо Алексовски.  Според верувањето, оној што ќе го фати крстот ќе има среќа и бериќет цела година.

Инаку, одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Крива Паланка беше во организација на Општина Крива Паланка и Македонската православна црква,  Кумановско – Осоговска епархија. Прославата започна со свечена литургија во црквата „Свети Димитрија“ на која присуствуваа голем број  верници.

По завршување на церемонијата на фрлање на крстот во водите на Крива Река граѓаните имаа можност да ги вкусат пивтиите припремени во кујната на Домот за ученици „Боро Менков“, под надзор на искусни готвачи. Mанифестацијат „Пивтијада“ се организира традиционално по седми пат од Општина Крива Паланка.

Никола Jовановски среќник годинава, Богојавление-Водици во Крива Паланка

[embpicasa id=”6241786048161791345″]

 

 

 

Големина на фонт
Контраст