Училишното звонче зазвони

На првиот училишен ден од учебната 2010/2011 година Крива Паланка по традиција ја исполни џагор и раздвиженост. Разделбата со родителите и првата средба со  училишните клупи ги исполнија училиштат со радост и емоции.

Во оваа учебна година во основните училишта во Крива Паланка се запишани вкупно 1754 ученика од кои 185 првачиња. Во средното училиште се запишани  945 ученици од кои 196 во прва година .

Градоначалникот на Општина Крива Паланка господин Арсенчо Алексовски на сите првачиња им посака  добредојде и одлични успеси во понатамошните години на школување и ги развесели со подароци кои ке им послужат во текот на учебната година.
Учениците од поголемите одделенија ги пречекаа првачињата и го поздравија Градоначалникот со весели песни и игри. 

 

     
Големина на фонт
Контраст