На 21.07.2010 год. градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин.Арсенчо Алексовски свечено го отвори Кривопаланечкото културно лето кое се реализира во рамките на манифестацијата Топол културен бран, што ја реализира Министерството за култура и Владата на Р.Македонија.
На првата вечер посветена на староградска музика настапија Распеани Паланчани, Распеани Делчевчани и Тамбурашкиот оркестар од Кратово.
Во наредните вечери, пред осоговскиот манастир, во Центарот за култура и во градскиот парк ќе можеме да уживаме во изведбите на староградскта и современа музика, изложби и театарски представи, вприемчиви и интересни за секој од нас.




