Во неколкудневна посета на Крива Паланка во моментот се преставниците на фондацијата Мери Елен Хеилбрун кои што воедно се и нејзини потомци.

Во просториите на општина Крива Паланка беше одржана средба на преставниците на оваа фондација со градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин Арсенчо Алексовски. На средбата градоначалникот беше запознат со благотворната работа на оваа фондација и нивниот ангажман за помош во основањето на Градскиот Музеј во Крива Паланка.




