Во Крива Паланка јавна консултација за Нацрт извештај за стратегиска оцена врз животна средина за изградбата на делницата А2

Во просториите на локалната самоуправа на општина Крива Паланка вчера беше одржана јавна консултација за Нацрт извештајот за Стратегиска оцена врз животна средина за проектот „Изградба на државен пат А2, делница Крива Паланка – Ранковце на ниво на експресен пат“ во должина од околу 25 км. Консултацијата ја организираше Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со локлната самоуправа на општина Крива Паланка, а на истата говореа Зоран Цветановски, советник за заштита на животната средина во Агенцијата за државни патишта и Игор Ристевски од „ГЕИНГ“, експерт за стратегиска оцена на животната средина.

-Проектот отпочна на 30 април 2014 година, а оттогаш до сега се спроведени сите активности и анализи кои ги бара Светска Банка, од каде според плановите на Владата на Република Македонија ќе се финансира изградбата на овој пат. Во стратегиската оцена се опфатени аспектите дека не се загрозуваат биодиверзитетот и животната средина, дека трасата не минува низ значајни растителни подрачја, не загрозува живеалишта на птици, а кај Ранковце минува низ едно такво, понатаму, како пропусти за животните ќе се користат оние од предвивените 11 вијадукти, а не се загрозуваат ни подземните води-информира Ристевски.

Со стратегиската оцена, рече Ристовски, извршено е и мерење на емисијата на штетни гасови и бучава и истите, додаде, не ги пречекоруваат максимално дозволените вредности.

– Извршено е мерење на емисија на штетни гасови на четири точки, Страцин, Гиновце, Градец и Крива Паланка. Вредноста е во рамките на дозволеното, дури и на половина од граничната вредност, додека бучавата измерена на три од горенаведените локации е 42, само кај Страцин е 67,6 децибели, а граничната вредност е 60. Пред клучката на експресниот пат со Крива Паланка треба да се превземе звукозаштитна мерка на еден објект-нагласи Ристовски.

Нацрт-извештајот за стратегиската оценка ја опфаќа и безбедноста на делницата, за што има изработено сет заштитни мерки за безбедност.

-Досегашниот биланс на жртви во сообраќајот на тој пат е 15 лица на годишно ниво, а со експресниот пат се еочекува тој биланс да опадне. За оценката се земени предвид Локалните економски акциони планови на општините Ранковце и Крива Паланка. Најважно е што имаме позитивна ревизија од Светската банка и очекуваме по одобрувањето на оценката да се премине кон следната фаза за реализација на самиот проект за изградба на патот-заврши Ристовски.

На јавната консултација беше кажано дека Проектот за „Изградба на државен пат А2, делница Крива Паланка – Ранковце на ниво на експресен пат“ е приоритетен проект и е влезен во Националната транспортна стратегија на РМ за 2017/2018 година, бидејќи оваа делница е дел од важниот меѓународен коридор 8, познат како коридор „исток-запад“.

Проект со ист таков приоритет е и изградбата на патот од Крива Паланка – Македонска Каменица, т.е.од рудниците за олово и цинк Тораница до рудниците Саса, во должина од 19, 94 километри.

Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена врз животната средина за наведениот проект е изработен согласно Законот за животна средина и е изработен од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Истиот е е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општините Крива Паланка и Ранковце, како и на интернет страниците: https://www.krivapalanka.gov.mk , http://www.rankovce.gov.mk и http://www.roads.org.mk

Големина на фонт
Контраст