Промовирани активностите на Североисточниот регион

Во саботата на 15 мај се одржа манифестацијата промотивни денови на регионите, под мотото ,,Сакај ја Македонија уживај во својата татковина “.  Манифестациајта  се одвиваше на приземјето во градскиот трговски центар во Скопје.

Обилниот дожд не ги поколеба граѓаните да дојдат и да се запознаат со активностите на Североисточниот регион, односно со плановите и проектите на Центарот за развој на североисточниот плански регион и општините во него: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане и Куманово.

 

Реализацијата на  проектот на ЗЕЛС „Промотивни денови на регионите“ започна на 8 мај на плоштад Македонија во Скопје.

Прв од осумте плански региони  се претстави Пелагонсискиот, а секоја наредна сабота заклучно со 26 јуни, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со активностите на сите општините, претставени во рамките на своите плански региони, утврдени согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Промотивните денови на североисточниот регион ги отвори претседателот на Советот за развој на овој регион, и наедно потпретседател на ЗЕЛС, Зоран Дамјановски , а општинските штандови ги посети и претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски. Градоначалниците на општините и општинската администрација ги запознаваа заинтересираните посетители за работењето на нивната општина, за развивањето на локалниот економски развој и можностите кои ги нуди општината, за услугите што им ги нидат на своите граѓани, согласно утврдените надлежности на локалната власт, како и за културните и природни убавини со кои располага секоја од овие општини .

 

 

Манифестацијата ја збогатија фолклорната група „ 8 Октомври” од Крива Паланка, а од оваа општина се претставија и „Распеани паланчани,, балетско студио ,,Ангели”, а Наталија Јовановска имаше солистички настап чиј прекрасен глас привлече бројна публика. Потоа се претстави група за модерен балет, оркестар на народни инструменти и Староградски оркестар „Св. Ѓорѓи Кратовски, од Општина Кратово, а завршницата беше со полчасовен концерт на КУД ,,Панче Пешев” од Куманово.

Повеќе информации на www.zels.org.mk

Големина на фонт
Контраст