На ден 30.04.2010 година, на улица Св. Јоаким Осоговски, Општина Крива Паланка во соработка со основните и средното училиште организира Првомајски крос натпревар за ученици од 8 годишна возраст до 18 годишна возраст. Учениците ќе бидат поделени според возраста во четири категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).
Кросот ќе се одржи според следната агенда:
Прва група (трето и четврто одделение)
Старт-Официрска зграда почеток 12.00 часот
Цел-Плоштад
Втора група (петто и шесто одделени)
Старт-Фурна Малеш почеток 12.30 часот
Цел-Плоштад
Трета група (седмо и осмо одделение)
Старт-Пицерија Елит почеток 13.00 часот
Цел-Плоштад
Четврта група (ученици од средно образование)
Старт-Пицерија Макима почеток 13.30 часот
Цел-Плоштад
Општина Крива Паланка Ве поканува да бидете дел од овој настан и да им дадете подршка на учесниците.