Отворена продавницата за сувенири во ТИЦ

Градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски во присуство на преставници на Амбасадата на Кралството Норвешка во Р. Македонија, свечено ја отвори Продавницата за сувенири во ТИЦ (Туристичко информативен центар) и Градски музеј во Крива Паланка. Продавницата за сувенири е завршна активност на проектот Кривопаланечки сувенир, кој што З.Г Кластер за туризам во партнерство со општина Крива Паланка го спроведуваше во 2009 г. и првиот квартал на 2010 година.
Проектот Кривопаланечки сувенир беше финансиран од Министерството за култура од програмата за национален интерес во културата  за 2009 г. и ко-финансиран од страна на Амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија на нивната програма за Проектно асистирање.
Во рамките на активностите на проектот, беше спроведен Јавен конкурс за избор на сувенир на градот Крива Паланка, а заедничката Комисија на З.Г Кластер за туризам и општина Крива Паланка го избраа за најдобар Паланечкиот симит изработен во дрво на авторот и копаничар Раде Костовски од Крива Паланка. Исто така, беше изработена и  една рекламна кампања на новиот сувенир преку негово аплицирање на туристичките производи и рекламни материјали, додека со дел од авторите беа склучени договори за изработка на сувенирот во различни форми, димензии и материјали преку кооперантски пристап. Со подршка на Амбасадата на Кралството Норвешка продавницата е целосно опремена со потребната техничка опрема и мебел.

Големина на фонт
Контраст