Чекор поблиску до Европска унија

Со цел да се зголеми на знаењето на претставниците од локалната заедница за механизмите и програмите за финансирање на ЕУ како и дирекно поттикнување на идеи и иницијативи за подготовка  на проекти за прекугранична соработк на 12, 13 и 14 март се одржа семинар на тема „Чекор поблиску до Европска унија“.

На обуката беа вклучени претставници од општинската администрација и советот на општината, претставници на невладини организации и на локални медиуми. Семинарот кој го  спроведува Фонцадијата Институт отворено опшество – Македонија во соработка со Македонскиот центар за  европско образование ќе се реализира во два дела. Темата на првиот дел беше:“ Можности што ги нудат Инструментот за претпристапна помош и Програмите на заедницата за финансирање на локалната самоуправа“.

Големина на фонт
Контраст