Еколошка акција за предавање на електронски и електричен отпад

По повод меѓународниот ден на електронскиот и електричниот отпадот 14 октомври Општина Крива Паланка во соработка со општинското јавно комунално претпријатие Комуналец и колективниот постапувач Елколект организираат еколошка акција за собирање и предавање на непотребен ,нефункционален електронски и електричен отпад или т.н Е- ОТПАД на ден 14 октомври ( среда) 2026 година .

Меѓународниот ден на е-отпад е основан во 2018 година од WEEE Форумот и се одржува секоја година на 14 октомври. Истиот прерасна во глобален настан, со вклучување на повеќе од 140 организации и над 55 земји од шест континенти .

Почитувани граѓани и правни лица, Ве повикуваме да се вклучите во оваа заедничка глобална акција на начин што вашите нефункционални: слушалки, полначи. адаптери, продолжителни кабли, ламби, батерии, мини вентилатори, лед светилки, електронски цигари за еднократна употреба , ел. играчки , мобилни телефони, па се до големи електрични уреди од типот на флижидери, телевизори, комјутери, принтери и други уреди ,опрема и слични апарати ќе ги предадете на долу определените места од општината.

Не фрлајте ги во канта за отпадоци , до контејнери или во природа – туку донесете ги !

Со заедничко делување и одговорно постапување со овој вид на отпад можеме да придонесеме кон почиста животна средина, и поодговорно управување со е- отпадот, заложба за циркуларна економија и подобро наше заедничко здравје .

  • Електронскиот и електричниот отпад може да го донесете на следниве локации:
  • Еко Кафез за електронски отпад кај автобуската станица
  • Еко Магацин за електронски отпад пред некогашна Кланица спроти Шумско
  • Еко сад за електричен отпад на ул.8 ми Октомври спроти затворот
  • Еко сад за електричен отпад кај кошот пред Метролошка
  • Еко сад за е-отпад пред зградите во Осичка маала на ул. 8 ми септември
  • Еко сад за е-отпад кај т.н Шанин мост
  • Еко сад за е-отпад кај Бензинската пред Бегови бавчи

Во случај на поголеми количини на електронски и електричен отпад јавете се на следниве телефони: 075 236 557 или 076 495 480 со цел да се организира превземање на отпадот.