„ ШОПСКО СЕЛО“ – ВЕЧЕР НА ТРАДИЦИЈА, ВКУСОВИ И РАКОТВОРБИ НА КЕЈОТ НА КРИВА РЕКА

Мирисот на традицијата синоќа се ширеше по кејот на Крива Река, каде што во рамките на „Меѓународниот фолклорен фестивал“ се одржа традиционалната манифестација „Шпско село“- место каде афтентичните вкусови, старите занаети и ракотворбите ја раскажаа приказната за нашето културно наследство.

Во центарот на вниманието беше презентацијата на традиционалниот гулаш, подготвен на автентичен начин и според рецепти што низ годините се пренесувале од генерација на генерација.

Мирисите и вкусовите на домашната кујна, заедно со понудата на локални производи и специјалитети, создадоа амбиент што потсетува на едноставните, но вредни нешта што се дел од нашата традиција.

Посебно место имаа и вредните раце на локалните домаќинки, занаетчии и мајстори. На штандовите беа изложени ракотворби, производи од стари занаети и творби создадени со посветеност и љубов, сведоштво за умешноста и значењето што продолжува да живее и денес.

Шопско село“ не е само приказна за вкусови-тоа е манифестација за дружење, споделување и повторно откривање на вредностите што не поврзуваатсо нашите корени.

На кејот на Крива Река, синоќа можеше да се видат, почувствуваат и пробаат традиционалните вкусови кои продолжуваме да ги негуваме и пренесуваме на младите генерации.