Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, изврши увид во тековната реализација на повеќе капитални проекти што се реализираат на територијата на општината, со цел да се согледа динамиката на тековнитеградежните активности и нивниот напредок.
Во рамки на теренската посета беше извршен увид во завршната фаза од изградбата на адреналинскиот парк кон туристичкиот локалитет Калин Камен, уредувањето на просторот кај поранешното училиште во село Градец, како и во завршните активности за уредување на кејот на Крива Река.
Со реализацијата на овие проекти се подобруваат патната и урбаната инфраструктура, се создаваат нови можности за развој на туризмот и се унапредува квалитетот на живот на граѓаните.
Општина Крива Паланка продолжува со реализација на инвестиции во инфраструктурата, туризмот и јавните простори, како дел од својата стратешка определба за создавање современа, функционална и атрактивна средина за живеење и развој, со нови можности за граѓаните, стопанството и туристичкиот развој на општината.



