Јавен повик за надоместок на дел од трошоците на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за набавка на велосипеди

Врз основа на член 3 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Крива Паланка за субвенционирање на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за купување на велосипед („Службен гласник на Општина Крива Паланка„ бр.15/22), и на Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за определување на максималниот износ за определување на поединечна субвенција за млади закупен велосипед за 2026 година, број 09-6757/31 од 26.12.2025 година („Службен Гласник на Општина Крива Паланка број 14/25 од 29.12.2025 година), а согласно Програмата за млади на општина Крива Паланка за 2026година, општина Крива Паланка на ден 05.01.2026 година објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместок на дел одтрошоците на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за набавка на велосипеди

 

Општина Крива Паланка како дел од мерките за поддршка на младите, ќе спроведе мерка за стимулација на младите од општината, кои ќе купат велосипед во тековната 2026 година, со која ќе им надомести дел од трошоците при набавка на велосипед и тоа во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице. За време на Јавниот повик, јавноста ќе биде известувана за степенот на искористување на предвидените средства за субвенциони рање на набавката на велосипеди, односно за преостанатите средства за таа намена. Во случај на исцрпување на средствата, Општина Крива Паланка ќе објави дека Јавниот повик е завршен преку општинската веб-страница. Јавниот повик ќе се реализира на принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на учество

Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на младите за набавка на велосипеди имаат:

  • Сите млади, дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20) според кој „млади“ се лицата кои се на возраст од 15 до 29 години, а кои согласно правилата на повикот се жители на Општина Крива Паланка, кои што купиле велосипед во Република Северна Македонија, после 01.01.2026 година.
  • Со субвенцијата/надоместокот за делот од трошоците за набавка на велосипед ќе бидат опфатени подносителите на пријава по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2026година.
  • Максималниот износ за поединечна субвенција за купен велосипед за 2026 година е во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари во нето износ по лице, утврден со Одлука на Совет на општината.
  • Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден купен велосипед.

Потребни документи за пријавување

  • Барање за надоместок ( Барањето можеда се подигне во архивата на општината или да се спушти од општинската официјална веб страница – krivapalanka.gov.mk ),
  • Фотокопија од важечка лична карта на барателот или фотокопија од извод од матична книга на родените за малолетни лица,
  • Фотокопија од активна трансакциска сметка на барателот, односно родителот/старателот на малолетното лице,
  • Пополнета Изјава за давање согласност за користење на лични податоци (изјавата може да се подигне во Архивата на Општина Крива Паланка или да се спушти од општинската официјална веб страница – krivapalanka.gov.mk.
  • Оригинална фискална сметка или фактура со извод од деловната банка, издадена во РСМ, со датум од тековната 2026 година, како доказ дека е извршено купување на велосипед,
  • Изјава дека нема користено право на субвенција за купување на велосипед за претходните години

Начин на пријавување

Документацијата се поднесува до Архивата на општина Крива Паланка, секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот, во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенционирање на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за купување на велосипед“ со назнака НЕ ОТВАРАЈ.

Реализација на Јавниот повик

По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед на веб-страницата на општината, во определениот временски рок, граѓаните со пополнување на Барање, вклучувајќи ја и потребната документација, ја доставуваат до архивата на општина Крива Паланка.

Комисијата, која е формирана со Решение на Градоначалник, ќе изготви предлог до Градоначалникот за изготвување на Решенија за исплата на финансиските средства на барателите, за кои е утврдено дека ги исполниле условите цитирани во Јавниот повик, според редот на пристигнатите барања, по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства од Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година за таа намена.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски

Барање за надоместување на дел на трошоците на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди за 2025 година

Изјава за давање согласност за обработка на лични податоци

Изјава за неискористено право

ПРАВИЛНИК ЗА УРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Сметки за уплата на административна такса

Големина на фонт
Контраст