Новогодишни пакетчиња за најмладите во Крива Паланка

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со претставници на општинската администрација, ги посети дечињата од трите објекти на детската градинка „Детелинка“.

Во празнична и весела атмосфера, заедно со Дедо Мраз, на најмладите им беа поделени новогодишни пакетчиња. Дечињата возвратија со новогодишни песни, игри и искрени насмевки, а на гостите им подарија и рачно изработени подароци, создадени со љубов и внимание заедно со нивните воспитувачки и негувателки.

Детската радост и топлината што ја исполнија просторијата ја направија оваа средба уште по посебна, потсетувајќи дека децата се најубавиот симбол на надеж, среќа и иднина.

„И оваа година, по традиција, како локална самоуправа обезбедивме новогодишни пакетчиња за најмладите. Нашата цел е да ги израдуваме децата и секое детенце да ја почувствува новогодишната магија. Новата година носи најголема радост токму за нив. Затоа им посакувам да им се исполнат сите желби, а пред сè – среќно, здраво и безгрижно детство, исполнето со верба во магијата на празниците“, истакна градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст