Градоначалникот Алексовски подели новогодишни пакетчиња

По повод претстојните новогодишни празници, традиционално и оваа година градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, заедно со претставници на општинската администрацијата беше во посета на неколку установи. Градоначалникот им ги честита претстојните празници на најмалите со пригодни новогодишни пакетчиња, а присуството на Дедо Мраз ја надополни празничната атмосфера.

[embpicasa id=”6096771177870871089″]

Најпрвин беа посетени трите клона на детската градинка „Детелинка“, а потоа беше посетено  и Одделението за дневен престој на лица со ментална и физичка попреченост при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.

Предновогодишното дружење продолжи во Големата сала на општина Крива Паланка каде им беа подарени новогодишни пакетчиња на деца на самохрани родители и на деца без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.

Големина на фонт
Контраст