Од 27 до 31 декември, Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе пулсира во ритамот на празничната еуфорија. Пет дена исполнети со музика, забава и радост – една сцена и илјадници насмевки за сите генерации.
Новогодишниот базар свечено ќе биде отворен на 27 декември (сабота) во 19:00 часот, со концерт на популарниот Мирза Селимовиќ, кој ќе ја означи почетната искра на празничната атмосфера.
Во деновите што следуваат, публиката ќе има можност да ужива во настапи на истакнати домашни и регионални музички имиња: „Љубојна“, Тајзи, Пајак и Лара, Бени Нон Стоп, DJ Bono како и Sarah Mace & The Girls.
Посебен акцент е ставен на дневната програма, наменета за најмладите посетители. Во текот на целиот базар ќе се одржуваат детски претстави, акробатски точки, настапи на жонглери и кловнови, креативни работилници, како и бројни интерактивни содржини што ќе го исполнат плоштадот со детска смеа и радост.
Програма по денови:
27 декември (сабота) во 19:00 часот – концерт на популарниот пеач Мирза Селимовиќ
28 декември (недела), 18:00 часот – концерт на реномираниот етно-бенд „Љубојна“, a 19:00 часот неверојатниот Тајзи.
29 декември (понеделник) – Започнуваме со богата дневна програма за најмладите со почеток од 11:00 часот.
- Новогодишен Базар изложба на талентирани ученици од основните училишта ООУ. “Св. Јоаким Крчовски“, ООУ “Илинден“, и гимназијалците од СОУ “Ѓорче Петров“.
- аниматори од омилените цртани филмови, ди џеј, кловнови, жонглери и новогодишна претстава со многу многу забава за најмалите.
29 декември (понеделник) – вечерен концерт со:
- 18:00 часот – настап на Пајак и Лара
- 19:00 часот – концерт на Бени Нон Стоп
30 декември (вторник), 11:00 часот – голема дневна забава за деца и семејства:
- изложба на рачно изработени креации од талентирани ученици
- аниматори од омилените цртани филмови
- жонглери, артисти, детски претстави и многу забава
30 декември (вторник), 18:00 часот – вечерен концерт со Sarah Mace & The Girls
31 декември (среда) – голем предновогодишен спектакл со прекрасните мали распеани симитчиња од Распеано Симитче, Dj Bono.Со дефиле под маски и свечено пристигнување на Дедо Мраз, кое ќе го заокружи највеселиот период од годината.
Најмагичните празнични денови започнуваат во Крива Паланка.
Ве очекуваме на Градскиот плоштад – бидете дел од новогодишната приказна!





