Во топлиот претпразничен амбиент, Крива Паланка и оваа година блеснува под илјадници светилки, кои Градскиот плоштад во Крива Паланка го претвораат во епицентар на празничните случувања. Како вистински домаќин, градот со отворено срце ги пречекува сите посетители, нудејќи богата програма, радост, дружење и незаборавни празнични доживувања за сите генерации.
Од 27 до 31 декември, Градскиот плоштад ќе биде центарот на новогодишните случувања преку Новогодишниот базар 2025, кој носи концерти, детски содржини и културно-забавна програма што ја прави Крива Паланка препознатлива како привлечна празнична дестинација.
Свеченото отворање ќе се одржи на 27 декември во 19:00 часот, со спектакуларен настап на Мирза Селимовиќ, еден од најпопуларните регионални изведувачи, кој со своите најпознати хитови ќе го означи почетокот на празничната програма.
На 28 декември, посетителите ќе можат да уживаат во настапите на автентичните гласови на Љубojна (18:00 ч) и Тајзи (19:00 ч).
Програмата на 29 декември нуди целодневни активности, започнувајќи од 11:00 часот со новогодишен базар во организација на СОУ „Ѓорче Петров“, ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, диџеј програма со DJ Barney и Грин- Џ, новогодишна претстава „Мечето Панда и Дедо Мраз“, како и Ѓурчиновски шоу во 13:00 часот. Вечерната програма продолжува со настапи на Пајак и Лара (18:00 ч) и Бени Нон Стоп (19:00 ч).
На 30 декември, повторно следува дневна детска програма од 11:00 часот, со новогодишен базар, DJ Barney, Грин -Џ, претставата „Дедо Мраз и изгубениот костум“ и Елфовска авантура во 13:00 часот, додека вечерната програма од 18:00 часот е резервирана за настапот на Sara Mace & The Girls.
Предновогодишната програма на 31 декември е посветена на најмладите и започнува во 11:00 часот со “Распеано Симитче”, продолжува во 12:00 часот со DJ Bono, а во 12:30 часот следува новогодишно дефиле со маски и специјално пристигнување на Дедо Мраз, со што свечено се заокружуваат празничните денови.
Со богата програма и топол претпразничен амбиент, Крива Паланка и оваа година се позиционира како епицентар на празничните случувања и град-домаќин за сите посетители.
Повелете посетете не!
Ветуваме прекрасен новогодишен амбиент и многу забава за сите генерации!
Сите патишта водат кон Крива Паланка.






