Свечен прием по повод Денот на ослободување на Крива Паланка

Со свечен прием и коктел во просториите на Советот на општина Крива Паланка, како и полагање на цвеќе пред спомен бистата на сите херои, кои загинаа во НОБ и ослободувањето на град Крива Паланка, денес започна одбележувањето на Денот на ослободување – 8. Октомври.

На свечениот прием и положувањето на цвеќе со оддавање на почит на жртвите, присуствуваа амбасадори, преставници на МПЦ, делегации од збратимените градови и соседните градови, длегации од политичките партии, советници, претставници на локалните и државните институции, како и јавни претпијатија, преставници на МВР, воспитно образовните институции, Сојуз на борците, Здруженија на граѓани и младински организации.

Чествувањето на празникот на градот продолжи со Свечена академија што се одржа во НУ Центар за култура Крива Паланка, на која беа доделени највисоката општинска награда, осмооктомвриска награда и осмооктомвриските признанија.

Големина на фонт
Контраст