Општина Крива Паланка со особена чест и задоволство го најавува одржувањето на 17. Меѓународен театарски фестивал – Крива Паланка 2025, кој традиционално ја збогатува културната понуда на нашиот град цели седумнаесет години по ред.
Фестивалот ќе се одржи од 29 септември до 6 октомври 2025 година,
Секоја вечер со почеток во 19:30 часот.
Фестивалот ќе започне со свечена академија во чест на Лауреатот на фестивалот – Игор Џамбазов, еминентен актер и уметник, чие творештво и придонес во македонскиот театар и култура се од особено значење.
Програмата на фестивалот вклучува театарски претстави од реномирани театарски куќи и групи од:
Велес
Куманово
Струмица
Скопје
…како и претстави на гости од Република Србија и Република Бугарија.
Овој фестивал претставува значаен културен настан за Крива Паланка и пошироко, со мисија да ја промовира театарската уметност, да поттикнува културна размена и да ја збогатува културната сцена со содржини од висок квалитет.
Со разновидна и внимателно селектирана програма, која опфаќа различни жанрови, уверени сме дека публиката ќе ужива во секоја изведба.
Ги повикуваме сите љубители на театарот и културата да бидат дел од 17. Меѓународен театарски фестивал – Крива Паланка 2025.
Ве очекуваме!