Во чест на 8 ми септември денот на независноста на нашата држава,а по повод петгодишниот јубилеј на најмасовната еколошка акција ,, Генералка викенд ,, на ден
9 септември ( вторник ) во Крива Паланка ќе се отвори изложба со фотографии од активностите кои се одржуваа во општините како резултат на генералка викендите.
Изложбата ќе се одржи во ЕУ Хаус центарот односно во просторот на ЕУ спроти Центарот за вработување на почетоки на улица 8 ми Октомври со почеток во 12.30 часот.
Крива Паланка е меѓу првите општини која во 2021 година ја прифати и масовно ја спроведе Генералка акцијата.
Оваа голема еколошка акција ја спроведува невладината организација Мен енд моунтаин претставувана од Гордана Софија и Ханес Јекл. , кои големата позитивна зелена енергија и посветеност за почиста локална заедница ја оживејаа преку соодветна изложба која ја раскажува приказната од петгодишниот пат на оваа воспоставена еколошка традиција .
Воеедно на самиот чин на отворање на изложбата ќе бидат доделени соодветни благодарници и признанија на сите субјекти кои учествуваа во годинашнава Генералка викенд 2025 .
Се повикуваат сите досегашни учесници и заинтересирани граѓани да ја посетат изложбата.