Во рамките на Културното лето, саботата, на 23 август, нашите талентирани дечиња од „Распеано Симитче“ во придружба на Модерно балетско студио „Магија“, приредија вистинска уметничка вечер исполнета со музика, танц и емоции.
Талентираните деца со своите уникатни изведби и песни оставија неповторлив печат, потврдувајќи дека поддршката за најмладите таленти претставува најголемо вложување во иднината на нашиот град.
Сцената на Културното лето е место за сите креативни изрази, а оваа вечер уште еднаш ја докажа својата вистинска вредност . Градскиот плоштад стана простор за радост, инспирација и препознавање на нови генерации на таленти.