Europ’ Raid– Петта година по ред во Крива Паланка

Петта година по ред, Крива Паланка беше домаќин на авантуристичкиот караван Peugeot 205, кој ги обединува љубителите на автомобили и пријателите од Франција. Овој уникатен проект претставува симбол на пријателство, културна размена и соработка помеѓу Франција и Македонија.

Како дел од настанот, во училишниот двор на ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ беше реализирана и донација на училишен прибор за најмладите ученици, како поттик и поддршка за нивниот образовен пат. Денот беше исполнет со дружење, музика и размена на заеднички вредности под отворено небо.

Вечерта, богатата програма на Кривопаланечкото културно лето продолжи со енергичниот настап на Bad Ass All на летната сцена на Градскиот плоштад. Со ритам, емоции и познати хитови, концертот ѝ даде посебна убавина на уште една прекрасна летна ноќ.

Крива Паланка уште еднаш го покажа својот дух на гостопримливост, заедништво и љубов кон културата.

Големина на фонт
Контраст