Неповторливата Александра Јанева на забавно музички концерт во Крива Паланка

Како резултат на богатата програма на кривопаланечко културно лето, во духот на забавата и културата продолжуваме да ја забавуваме кривопаланечката публика со многубројни манифестации, забава, настапи и концерти.

Под отворено небо вчеравечер многубројната публика на отворената летна сцена на Градски плоштад во Крива Паланка имаше специјална можност да ужива во прекрасниот концерт на Александра Јанева.

Публиката со воодушевување ја поздрави нејзината интерпретација, а вечерта остана запаметена како уште едно прекрасно музичко доживување.
Продолжуваме со богатата културна програма од кривопаланечко културно лето 2025, следете не.

Големина на фонт
Контраст