КУЗ КАРПОШ КРИВА ПАЛАНКА И СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ- ФОЛКЛОРНА НЕЗАБОРАВНА ВЕЧЕР

Симбиоза од емоции, традиција и култура. Вечер во ритамот на тапанот, зурлите и ората кој ги обележуваат фолклорот и традицијата.
Неверојатните наши претставници од Куз Карпош Крива Паланка, ни приредија прекрасно доживување на сцената, претставувајќи го нашето културно богатство преку носија, ора, интерпретација на сцена во боите на нашиот фолклор.

Вечерта ја збогатија нашите специјални гости :
●Филклорен ансамбл ФД Младост – Босилиград, Р.Србија;
●Танцова формација Партњори -Кустендил, Р.Бугарија,
со нивните сценски изведби,традиција и нови бои, ритам и приказна од своите краишта.

Плоштадот Карпошово востание беше преполн со публика, овации и аплауз за секој чекор, изведба, музика.
Благодариме за прекрасната Фолклорна вечер во боите на традицијата и духот на фолклорот.

Големина на фонт
Контраст