Градски плоштад Крива Паланка на 7 август беше исполнет со многу смеа, радост и детска енергија. Незаменливите Дарко Ѓурчиновски и Мето пантомима приредија вистински спектакл за најмладата публика.
Сцената беше вистинска инспирација, место каде децата не само што се забавуваа, туку имаа и можност да научат неверојатни трикови.
Моменти исполнети со детска радост, смеа и љубопитност.
Продолжуваме со богатата програма, за безброј детски насмевки. Кога децата се среќни, ние сме уште посреќни .