Волшебна вечер под ѕвездите: пантомимичари, смеа, магија на Градскиот плоштад

Во рамките на кривопаланечко културно лето 2025, вечерта на 22 јули ќе остане запаметена како вечер кога Градскиот плоштад беше претесен за сите што сакаа да бидат дел од магијата на маестралниот Ѓурчиновски – Мето и пантомимичарите.

Направија неверојатен спектакал за сите генерации: жонглирање, магија на сцената со неверојатни движења и пантомима. Малите херои уживаа, а возрасните за миг се потсетија како изгледа светот низ очите на едно дете. Ова беше вистинско уживање. Ништо не обединува повеќе од здружена детска радост што зрачи чиста среќа и радост.

Продолжува културно лето 2025, Ви најавуваме уште многу неверојатни настани на летната сцена на Градски плоштад.

Големина на фонт
Контраст