Се одржа состанок на Кризниот штаб на Општина Крива Паланка, на кој присуствуваа и пратениците Љупчо Николовски и Емил Спасовски. На состанокот беше констатирано дека пожарот е локализиран и ситуацијата е под контрола.
Искажуваме длабока благодарност до сите храбри пожарникари, припадници на армијата, вработени во јавните институции, волонтери и граѓани кои будно и несебично помогнаа во гаснењето на пожарот. Вашата солидарност и сплотеност уште еднаш докажаa дека заедно можеме да се справиме со секоја криза.
Апелираме на внимателност, одговорно однесување и постојана будност во следните денови.




