Општинскиот кризен штаб одржа состанок – дадени препораки за превенција до пожари

Денес се одржа состанок на општинскиот кризен штаб во Крива Паланка, што беше свикан на иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски. На состанокот присуствуваа: градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски, раководителот на одделение за инспекциски надзор Бранко Велиновски, командир на полициска станица, Роби Давидовски, командирот на ТППЕ Крива Паланка,Иле Коцевски, од ЈП Национални шуми ПШС Осогово Крива Паланка, Родна Стојнева, раководителот на ДЗС подрачно одде. Крива Паланка Митко Ангеловски, раководител на ЦУК, подрачно одделение,Крива Паланка, Стојадин Гоговски и претставник од ЈП Комуналец, Дејан Стојановски.

На состанокот беа присутни и лица кои не се членови на Кризниот штаб поради сериозноста од преземање на превентивни мерки за заштита од шумски пожари затоа штабот работеше во проширен состав.

На состанокот кој се одржа рано утрово беа зидадени препораки и се донесоа заклучоци, со мцел превенција и заштита од пожари, заштита и на населението и на природата и шумскиот фонд. За жал , сепак, неколку часа подоцна избувнаа неколку пожари, во моментов три пожари с еактивни во градот, во село Градец и населба Лозанови и псе закана по домовите на граѓаните.
Во пропдолжение , со апел граѓаните да бидат крајно внимателн и и одговорни, ги пренесуваме во целост заклучоците и препораките од кризниот штаб.

Заклучоци:
1. Итно активирање на превентивни теренски активности, вклучително и чистење на сув растителен материјал и забранети патеки во критичните шумски подрачја.
2. Јавно претпријатие „Национални шуми“ и Шумска полиција да извршат вонредни контроли на ризични територии, особено во периоди со високи температури.
3. ТППЕ и ЦУК да подготват заеднички оперативен план за интервентни активности во случај на пожар, со ажурирана мапа на пристапни точки и водни извори.
4. Општината и јавните претпријатија да обезбедат поддршка со механизација и резервоари со вода, особено во села без хидрантска мрежа.
5. Формирање на кризна комуникациска група (Вибер/СМС/радио), во која ќе бидат вклучени сите институции и месни претставници, за брза размена на информации.
6. Да се воспостават дежурства и патролни служби во критичните денови, со посебен фокус на викендите и празниците.
7. Се задолжуваат месните заедници и здруженијата на граѓани да пријавуваат движења, неправилности и сомнителни активности во шумски подрачја.
8. ЈП „Македонски шуми“ да преземе активности за расчистување на селски земјани патишта според утврдени приоритети.
9. Граничната полиција превентивно да изврши попис на селски извори и базени на приватни лица за приоритетни потреби.
10. ЈП Комуналец да изврши проверка на исправноста на хидрантската мрежа.
11.ЕВН да преземе активности за расчистување на секундарната мрежа од инсталации и преплет на жици.
12.Секоја институција да формира тимови и одговорни лица кои ќе бидат на располагање на општинскиот кризен штаб.
13.Полициските патроли и останатите институции да носат напрскувачи во своите теренски возила во случај на превенција во шумски предели.

Препораки до јавноста:
1. Строго е забрането палење оган на отворен простор во и околу шумски предели – и најмалото невнимание може да предизвика трагични последици.
2. При забележан чад, пламен или сомнителни активности, веднаш јавете се на бројот за итни случаи 193 (пожарна) или 112 (ЦУК).
3. Не оставајте стакло, шишиња или друг запалив отпад во природа – тоа може да предизвика самозапалување.
4. Избегнувајте движење со моторни возила низ шумски патишта во суви денови, освен во случај на неопходност.
5. Соработувајте со институциите – вашето внимание и пријава можат да спасат живот и природа.
6. Следете ги официјалните известувања од Општина Крива Паланка и надлежните служби на социјалните мрежи и медиумите.
7. Во случај на потреба од евакуација, следете ги упатствата од надлежните органи и останете смирени.
8. Апел за рационално користење на водата за пиење.
9. Апел до граѓаните да преземат активности за косење на своите дворни површини заради превенција пожари.

Големина на фонт
Контраст