На омиленото место за рекреација, дружба и забава на младите, спортскиот комплекс во Крива Паланка, летово уште една содржина достапна за дечињата.
Лудории, забава и атракција им нуди луна паркот, кој на првиот ден на отворањето, на иницијатива на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,
ги израдува дечињата од најоддалеченото село Нерав.
Заедно со нив градоначалникот сподели радост, смеа и дружба, приредувајќи им убави моменти, полни со детска среќа, за незаборавно летно искуство.







