Градскиот плоштад во Крива Паланка беше исполнет со детска смеа, радост, вистинска уметност на говорот на телото приреди познатиот македонски актер и мајстор за пантомима – Кирил Трајковски.
Трајковски приреди магична изведба на летната сцена и ги воодушеви најмладите со својот талент и хумор, а дечињата имаа можност и заедно со него да пробаат да изведат и имитираат дел од неговите перформанси.
Ова беше одлична прилика за младите да им се демонстрира еден поинаков, атрактивен тип на уметност на летната сцена во градот, благодарение на програмата на “Кривопаланечко културно лето”, во организација на Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата.






