Извонреден концерт на „Трио Џентлмен“ на „Кривопаланечко културно лето“

Македонски евергрини во зиведба на оперски гласови приредија  „Трио Џентлмен“  со концертот „Македонска евергрин рапсодија“.  Градскиот плоштад, летната сцена  повторно беа преполни , а граѓаните уживаа во маестралната изведба на вечните македонски хитови.

Аплаузи, овации, емоции, ја преплавија атмосферата по настапот на професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор.

Неверојатно моќното трио што звучи како еден, донесе прекрасна енергија на отворената летна сцена, со музика за душа, одушевувајќи ја публиката.

„Кривопаланечко културно лето “ 2025 продолжува со две вечери посветени на најмладите, пантомима и детски мјузикл.

Големина на фонт
Контраст