Со изложба на дела затворена  39 Меѓународна ликовна колонија

Изложбата на делата создадени во зиминатите седум дена, трајни уметнички записи инспирирани од божествената убавина на манастирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски,  беше завршен настан со кој официјално е затворена годинашната 39 Меѓународна ликовна колонија  „св.Јоаким Осоговски“.

Уметниците твореа една недела, почнувајќи од 26 јуни, работеа по слободен тематски пристап  и како секоја година имаат обврска да остават две од овие дела во манастирската збирка на колонијата.

На годинашната колонија учествуваа: Агнешка Казала од Полска, Теодор Бузу од Молдавија, кој твори во Чешка и Георги Андонов, Бугарија, како и нашите автори: Стефан Хаџи Николов, Мариела Аџигогова, Ивана Настески, Лазо Ѓорѓиевски, Дејан Иванов Маргуш и Стефан Младеновски.

И годинава учесниците од пет Европски земји инспирирани и вдахновени од прекрасниот амбиент и сакралноста на целиот комплекс на манастирот создадоа дела што по оваа завршна изложба во галеријата на манастирот,  во текот на годината ќе бидат изложени ширум галериите низ државата.

Наредната, 2026 година, организаторите планираат одбележување на 40–годишниот јубилеј, во соработка со Општина Крива Паланка, Министерство за култура и туризам, МПЦ, за кога се планира покана за учество на уметници од сите контитенти кои низ децениите го одбележале работењето на колонијата.

Маѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“, единствена во државата што  се одржува во манастирски амбиент, а низ децениите досега учествувале уметници од сите меридијани, од: Кина, Австралија, Казахстан, Египет, Русија, Мароко, Северна и Јужна Америка, Канада, САД, Аргентина и од речиси сите ервопски држави.

Колонијата е дел од програмата на  „Кривопаланечко културно лето“ 2025.

Големина на фонт
Контраст